Уверете се во трансформациската моќ на шминката!

popara27 јануари, 20161min00
2

Мејси Бич сподели на социјалните мрежи неколку фотографии на кои половина од лицето ѝ е нашминкано, а другата половина потполно природно.

Но, многу од коментарите веднаш тргнале во непосакуван правец и многумина започнале да ја навредуваат, велејќи ѝ дека е грда, одвратна и страшна без шминка.

Мејси Бич Мејси Бич

19-годишната девојка самоуверено тврди дека негативноста не ја засега. „Се чувствувам среќна што сум на место во животот каде коментарите на другите луѓе не допираат до мене. Ова е мое лице и ќе ставам шминка онолку колку што сакам. Мошне ме шокира тоа што многу луѓе кога коментираат на фотографија забораваат дека личноста од неа е човечко суштество со чувства. И жал ми е за секој што мора да трпи малтретирање на социјалните мрежи, а не е доволно силен психички за да ги игнорира сите гадости“ – пишува во нејзина порака.

Мејси Бич Мејси Бич Мејси Бич

Мејси даде свое мислење и за критиките насочени кон жените кои носат интензивна шминка и го трансформираат својот изглед. „Не носиме шминка за другите, туку за себе. Жените не треба да бидат критикувани или нарекувани вештачки и неприродни заради тоа што се нашминкани, како што не треба да бидат нарекувани грди ако не се нашминкани“ – вели таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma