Ако се воздржувате од сите видови на секс, вклучувајќи ја и мастурбацијата, менструалните грчеви можат да бидат почесто од вообичаеното. Сексот е добар за нашето тело, од подобар сон, јачење на имунолошкот систем, преку трошење на калориите до јакнење на имунолошкиот систем, преку трошење на калориите до засилување на нашата самопочит. Но, и недостатокот на секс може да создаде некои интересни промени. Имено, премалку секс, изненадувачки, влија на вагината.
Потешко до оргазам
Можеби ќе ви треба повеќе време да доживеете оргазам кога повторно ќе се вратите на „старите навики“, а тоа можете да му се заблагодарите на стравот од опуштеност кој често се јавува кај подолгите паузи. Но, малку пракса и се се враќа на старо.
Промени во предменструалниот циклус
Ако се задржите од сите видови на секс, вклучувајќи ја и мастурбацијата, грчевите можат да станат почесто од вообичаеното. Оргазмите ја намалуваат болката и напнатоста, па е јасно што се случува кога тие изостануваат.
Чувство на сувост
Сексуалното возбудување помага на вагината да се навлажни. Бидејќи недостатокот на секс доведува до помалку влажност, погрижете се да имате предигра пред главниот чин.
Чувството како да таа не функционира добро Вагината е мускул – ако не го користете, можете да ја изгубите. Не буквално, се разбира, но така можеме да го опишеме ова чувство.
Ако имате пауза од сите типови на секс, може ќе приметите привремена промена на полниот одговор, откако повторно ќе тргнете со сексуалните активности. Тоа не значи дека треба да избегнувате пауза од секс, туку едноставно треба да ги прифатите евентуалните промени кои можеби ќе ги доживеете.