
Чувствувате дека сексуалниот нагон ви оди по надолна линија? Не грижете се. Тоа може да му се случи секому, а кога тоа ќе се случи тоа е сигурен знак дека ви е потребна промена во вашата вообичаена сексуална рутина.
Повеќето жени сакаат многу повеќе од цуци-муци-вуци-буци секс. Тие сакаат возбуда, страст, вжештена атмосфера.. и секако некоја мала настраност! Да.. можете да паднете во „депресија“ доколку сите оние „фини“ девојки, со кои досега сте биле, ги прашате дали сакаат валкан секс и што тие всушност подразбираат под зборот ваклано!
Ако ништо друго барем ќе бидете изненадени. Токму и затоа, ви предлагаме да ја прашате вашата сакана дали би сакала да проба нешто малку поинакво и што всушност би било тоа. Но, не би требало да се изненадите доколку таа побара од вас нешто што вие во вашите фантазии веќе редовно го користите. Да, се надеваме дека нема да и биде срам да ви го каже сето тоа.
Мастурбација
Ова е еден од здравите делови во вашите животи, па зошто да не побарате од неа тоа да го правите заедно. Доколку не сте срамежлив, спуштете го вашиот гард на спротивната страна од неа и за почеток дозволете да ве гледа додека мастурбирате. Побарајте од вашата девојка малку да ги подрашири нозете и да ви покаже нешто што во тој момент ќе ве интересира. Ќе бидете во голема добивка кога таа, гледајќи ве како се самозадоволувате, ќе добие неколку идеи што потоа навистина ќе ви се допаднат. А доколку на крајот и таа мастурбира пред вас, па тоа е гратис! Секоја сцена од порно филмовите што ќе ја сретнете во наредните денови ќе ви биде – паф, па ние сме 102% подобри од ова.
Садо-мазо
Дали таа е контролиран фрик? Како можете тоа да го знаете кога постојано ја носите на фини места и тоа го правите на префинет начин како да сте дел од некое пензионерско друштво, а не млад, луд и заљубен. Можеби сака да биде 100 % контролирана и да има шеф кој што ќе и кажува што сака да прави (во најлоша ситуација таа би сакала да биде шефот, а вие во себе да си ја пеете „шефе, шефе.. имај милости…“). Токму затоа, доколку вашата поубава (читај по садо-мазо) половина е расположена за вакви игрици, тогаш задолжително треба да набавите нешто направено од латекс и да и дозволете да го облече тоа специјално за вас. Доколку се прашувате што ќе ви е ТОА вам, тогаш имајте го на ум следново – подобро да бидете присутни кога таа ќе реши да ги спроведе во дело нејзините мрачно фантазии, отколку тоа да го направи со некој друг. Нели?
Анално!
Аналниот секс е средновековна позиција, само што во последно време добива некаков негативен тренд и станува табу, но причините за тоа ќе ги анализираме друг пат. Важно е тоа што токму затоа многу парови се уште не го истражиле овој дел од територијата на своите партнерки, иако многу девојки би сакале тоа да го доживеат.
Од друга страна пак, многу од нив се срамежливи во врска со аналниот секс, па така можат да се зацрвенат доколку им го предложите. Но, доколку сето ова го започнете со умисла, споро и без напрегање, тогаш голема е веројатноста да стигнете онаму каде што сте наумиле. Најдобро е да пробате додека и двајцата лежите странично во креветот, таа е свртена со грбот кон вас и вие треба полека, нежно да се поиграте со вашите прсти и нејзиниот анус. Обидете се да и причинете анално задоволство, а кога еднаш ќе магистрирате на оваа тема, потоа можете да ги правите сите оние страствени нешта што најчесто ги гледате во филмовите за возрасни и кои одсекогаш ве возбудувале.
Овие играчки се вистинско задовоство за оние што знаат да се играат со нив. Обидете се најпрво со некое етерично масло, намачкајте ги интимните делови на вашата партнерка, или пак, со лубрикант, а потоа обидете се со некој од нејзините шарени вибратори да продрете во неа.
Кога еднаш ќе успеете да ја доведете до оргазам, вие ќе станете дипломиран вибратолог кој што таа го добива гратис со нејизните играчки. Потоа тргнете во вистинска авантура и правете го тоа додека имате секс, без разлика дали вие или таа самата ќе управува со нив. Важно е што оваа валкана игра, нејзе и се допаѓа могу повеќе отколку вам. Ви се верува ли?
Многу девојки сакаат да играат стриптиз во нивната спална соба, па токму затоа некои од нив дури имаат и инсталирано специјална шипка за тоа. Но, да сретнете ваква девојка (со шипка за стриптиз дома) е потоешко отколку да добиете на лотарија, затоа ви предлагаме нешто друго. Обидете се вие да ја изненадите со вашиот егзотичен стриптиз танц. Па сите девојки го сакаат тоа, и затоа воошшто не плашете се дека ќе излезете будала со аматеризмот што ќе трешти од вас. Па доколку ви се случи некоја неволја, тие радо би ви помогнале, особено ако вашиот патент веќе е откопчан, а таа е на половина пат до нејзината точка на вриење.
Тројка
Ах.. па постои ли јунак на планетава што не би посакал нешто вакво? Но, за жал, многу се ретки оние девојки на кои што тоа како ден им е јасно, па тие самите да предложат една ваква валкана игра. Најчесто се прават наудрени во врска со овие групни игрици, па ние самите мораме да бидеме firestarter-и, со голема веројатност да загинеме, без можност да се спасиме, без разлика дали станува збор за две + еден, или пак за двајца + една (во најдобар случај три + една гратис!) комбинација.
Се зависи од околностите во кои ќе се најде екипата. Но, доколку сте во врска и доста ви е само да слушате за тројка, туку сакате да пробате на своја кожа, тогаш пронајдете начин како е најдобро оваа „извонредна“ вест да и ја пренесете на партнерката (обидете се да го пронајдете одговорот на ова прашање во нашиот текст Тројка, а не сте Сулејман). И секако, имајте на ум дека една ваква акција може да има негативни последици на вашата врска, особено доколку сте запнале тоа да биде со некоја од нејзините пријателки, а ТОА нејзе не и е приоритет. Затоа правило број еден, од трите златни правила во секоја тројка е да и дозволите таа да ја избере партнерката. Второто и третото правило се – секогаш почитувај го правилото број еден! Па.. среќно!