Потребно Ви е:
250 грама путер,
500 грама брашно,
1 жолчка,
1 цело јајце,
4 лажици шеќер,
сок од еден лимон.
Останати состојќи:
1 изматена белка за макање,
ореви за наросување пред печењето на ванилици,
мармелад за спојување,
шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.
Подготовка: Убаво изматете го путерот, додадете ги јајцата, шеќерот исок од еден лимон. Додадете брашно и замесете. Развијте го тестото на 1/2cm дебелина. Со калап за ванилици вадете ги крукчињата, секоје мачкајте во снег од белка, наросете со ореви и секоје круче се реди во тавче за печење. Ванилици се печат во подмачкано тавче на 200 степени. Внимавајте да останат бели. Печени крукчиња се спојуваат со мармелад и се наросуваат во шеќер во прав и ванила.