Погледнете како да направите омбре велигденски јајца со кои празничната трпеза ќе изгледа живописно и интересно.
Потребно е:
јаца
боја за јајца
оцет
Постапка:
Сварете ги јајцата и оставете ги да се оладат.
Во сад сипете ја бојата и 3 лажици оцет.
Ставете го врвот на јацето во садот со боја и оставете го додека не ја добиете саканата нијанса. Ако јајцата ги држите подолго, ќе добиете потемна нијанса.
Полека сипете малку вода во садот со боја и повторно почекајте неколку минути, а потоа повторете ја постапката додека не го обоите целото јајце.