Вежба без движење која го затегнува секој мускул

popara6 декември, 20161min00
Single-Leg Plank-003.tif

Статичната склек положба е една од најпопуларните и најефективните вежби ширум светот. Доколку ја користите по пет минути на ден и самите ќе ги согледате резултатите.

Можеби ви изгледа лесна за изведување, но да се задржите во статична склек положба подолго време воопшто не е пријатна задача. Со оглед на тоа што се активираат голем број на мускули, константното изведување на оваа вежба ќе резултира со силен грб, стегнат задник, оформени нозе и рамен стомак.

Оваа вежба е статична, што значи дека не бара движење, па затоа многу е важно телото да го поставите во правилна позиција.

Потпрете се на лактите кои се свиткани под агол од 90 степени, точно поставени под рамената, а вашето тело треба да формира права коса линија. Често грешиме со задникот, кој не треба да го држиме нагоре туку во права линија со останатиот дел од телото.

Исто така, вратот треба да ви биде истегнат и главата да ви дојде во продолжение на рбетот. Обидете се да не ги спуштате колковите кон подот, а стомачните стегнете ги доволно цврсто за да не се превиткувате во половината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma