На социјалната мрежа Weibo (која е екстремно популарна во Кина), се појави видео во кое се споредуваат новиот iPhone 7 и сегашниот iPhone 6s. Да погледнеме…
Како што и досега беше шпекулирано, дизајнот ќе остане скоро идентичен, но со одредени подобрувања. Уште веднаш ќе забележите дека линиите од задната страна за антената се намалени, така што сега се наоѓаат само на врвот и на дното од телефонот. Потоа, недостига 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, а наместо него добиваме уште еден звучник. Отсега, слушалките ќе се приклучуваат во Lightning портот.
Камерата е исто така зголемена, со тоа што кај iPhone 7 Plus може да очекуваме и две камери од задната страна. Засега нема информации за други промени во дизајнот.
https://www.youtube.com/watch?v=D1tVz12xFto