Речиси сите светски медиуми ја пренесоа веста за разводот на познатиот пар Дејвид и Викторија Бекам. Ова не е прв пат во јавноста да протечат информации дека на славниот пар не му оди многу добро. Сепак Викторија по којзнае кој пат успеа да ги замолчи овие гласини.
„Мојот сопруг после 16 години брак ме прави среќна, тој е мојата потпора и водилка во животот. Подобар сопруг од Дејвид не сум можела ниту да замислам“. – изјави Викторија.
„Уморна сум од трачевите за нашиот приватен живот. Можам само да ви кажам дека сум благословена затоа што имам прекрасен сопруг и деца кои неизмерно ме сакаат.“ – додаде Викторија.
Со ова Викторија застана на патот на гласините дека се разведува од Дејвид, со кој има 4 деца.