Вистинските мажи никогаш не изневеруваат – тие знаат кои се вистинските вредности на животот!

popara22 мај, 20161min00
10

Вистинските мажи се емоционално стабилни – Обично слушаме дека девојките се тие кои имаат проблем со контрола на емоции.

Да бидеме искрени, мажите се многу полоши. Додека жените се доволно интелегентни за да ги споделат своите чувства и да разговараат за своите проблеми (поголем дел од времето), мажите ги држат во себе.

Додека, се разбира, не можат да издржат повеќе и не експлодираат. Кога нешто не е во ред во врската, жените можеби плачат, можеби се жалат, можеби се бесни или можеби ви го даваат третманот на молчење – но мажите, слабите мажи се преправаат како да не чувствуваат ништо.

Кога еднаш ќе им се прелие чашата, гледаат да побараат ослободување каде можат. Пијат. Пушат. Имаат секс. За жал, бидејќи не можат да си го решат проблемот со девојките кои им се за долга врска, одат и имаат секс со се’ што ќе најдат. Од друга страна, вистинските мажи се справуваат со своите емоции соодветно.

Вистинските мажи имаат доволно самоконтрола да го задржат во панталоните – Многу ми е жал што ќе морам да ви го кажам ова господа, но бидејќи сте мажи ќе сакате да “ја легнете” секоја убава девојка која ќе ви помине пред очи. Буквално секоја.

Но, доколку сте вистински маж, секако нема да ризикувате да ја изгубите девојката со која имате хемија и со која можете да градите иднина за неколку минутно задоволство. Доколку толку ви е дојдено до секс зошто не спиете со жената која ја сакате?

Доколку сексот ви здодее, тогаш преземете нешто за да го направите поинтересен. Потребни се двајца за танго – доколку таа не го донесе шлагот, земете го вие.

Вистинските мажи не излегуваат со девојки кои не ги сакаат, или не веруваат дека можат во иднина да ги засакаат – Очигледно, денес сите си ја пробуваме среќата со луѓе за кои не сме сигурни дека ќе се заљубиме – да, постои љубов на прв поглед, но таа е многу ретка. Како и да е, многумина би излегувале со некој кој не им се допаѓа премногу или не им одговара чисто онака.

Вистинските мажи знаат дека жените не се предмети и затоа не ги употребуваат за да си ги задоволат своите потреби. Кога знаат дека девојката со која што се гледаат не можат да ја засакаат, едноставно не дозволуваат работите да се развијат.

Вистинските мажи почитуваат – Тие ги третираат луѓето со почит, особено кога станува збор за девојките со кои излегуваат. Изневерувањето е лажење. Тоа е кршење на довербата и доказ дека не се грижите за вашиот партнер/ка како пријател, како љубовник и како човечко битие. Доколку и’ ја скршиш довербата ти никогаш повторно нема да успееш да ја добиеш назад. Тоа е лекција која сите ај учиме на потешкиот начин.

На Вистинските мажи не им е потребно да додаваат рецки на својот појас за да се чувствуваат како мажи – Вистинските мажи едноставно знаат дека се вистински мажи. Тие го чувствуваат тоа со секој свој чекор и тоа сите јасно го гледаат. Многу “мажи” денес мислат дека е пофалба и нешто со кое треба да се гордеат ако спиеле со многу девојки – како тоа да е некој вид на игра и девојките се нешто што се колекционира.

Девојките не се предмети, а таа игра која ја играат незрелите мажи се вика ЖИВОТ. Доколку те фати дека ја изневеруваш вложуваш многу високи влогови, а тоа може да го уништи твојот живот. Да ја изгубиш девојката која утре може да биде мајка на твоите деца, за забава за една ноќ… Никогаш не знаеш.

Вистинските мажи никогаш нема да ја повредат девојката која ја сакаат – Да бидеме фер, вистински маж не би повредил ниту една жена, а особено не таа која ја гледаат како своја партнерка. Вистинските мажи сакаат и се грижат за себе и за оние кои им се блиски.

Доколку сте доволно среќни да најдете жена која ќе ја засакате и да ја добиете, тогаш би требало да дадете се што е во ваша моќ за да и ја задржите насмевката на лицето. Нема ништо полошо на светот од тоа да ја изгубите личноста која ја сакате… Луѓе сме, грешиме, но не сите грешки се простуваат.

Вистинските мажи ги знаат вредностите на животот – а тоа не е уште едно парче “газ”! – Вистинските мажи се премногу зафатени живеејќи го животот од своите соништа за да се мачат со квантитет. Тие работат на постигнување на она што е вистински вредно во животот, но што е уште поважно е – тие знаат кои се вистинските вредности на животот!

Како мажи, тие најчесто сакаат повеќе отколку тоа што им е доволно. Но само кога ќе го добијат тоа што мислеле дека го сакаат ја сфаќаат грешката. Уште сега ќе ви кажеме – треба да имате само една жена покрај вас.

Жена која ќе ве сака до крајот на животот е тоа што е навистина значајно и вредно. Остантите нема ни да ве паметат.

Вистинските мажи имаат храброст да раскинат со девојка – Доколку планирате да ја изневерувате очигледно не сакате да бидете со неа. Соберете храброст и раскинете и’. Штом ви текнало да “шарате” на страна како и да е, побрзо или подоцна ќе и’ раскинете. Вака барем ќе излезете вистински човек, а не кукавица.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag