
Мажите лесно можете да ги привлечете, но лесно е и да се одбијат – ако паднете во замката и почнете да правите една од овие работи кои многу често се чинат сосема природни.
Мажите често сакаат да го обвинат ПМС за сите наши чудни фази, а токму фазите на претерано емотивно однесување се оние кои можат да го избркаат и највљубениот човек. Знаеме дека понекогаш е тешко да се воздржат изливите на емоции, но обидете се да изброите до 10 пред да кажете или направите нешто поради кое подоцна ќе ви биде жал.
Врските се компромис, а ако секој пат наместо компромис нудите луто лице и напучена уста, многу лесно е можно вашето момче со тек на време да ги заборави сите ваши добри страни.
Во теорија звучат забавно, но секој зрел маж попрво ќе одбере жена која кажува што мисли и не заобиколува – игрите им се забавни на тинејџерите, а оние кои ја бараат „вистинската работа“ не толерираат таков пристап.
Секој може и мора да се пожали кога нешто не му одговара, но ако приговарањето е ваш животен стил, повеќето мажи ќе побегнат без да погледнат назад.