Јоланда Хадид има 54 години, а изгледа како да им е постара сестра на своите ќерки, од друга страна пак, Бела (19) и Џиџи (21) се едни од најбараните манекенки на денешницата.
А таа минатиот месец го помина одмарајќи се на Тахити. Летото го дочека покрај море, во одлично расположение, а со една фотографија таа им посака на сите свои обожаватели среќен почеток на новото годишно време.
– Летната долгодневница никогаш не била вака одлична! – напишала Јоланда покрај фотографијата на којашто позира во црно бикини.
Ѕвездата од “Домаќинки од Беверли Хилс” изгледа одлично, покажувајќи ја витката фигура и бакарниот тен.
Всушност, ако ги погледнете сите нејзини Instagram фотографии, никогаш не би погодиле дека убавата и ултра-згодна Јоланда има 54 години.
Таа изминатите години и отворено зборуваше за својата борба со лајмската болест, за што напиша и книга којашто наскоро ќе се најде во продажба. Јоланда исто така најави и дека ќе направи големи промени во својот живот, бидејќи после четири сезони таа ќе ја напушти ријалити емисијата “Домаќинки од Беверли Хилс”.