Пекинг стана нова светска престолнина со најголем број на милијардери, претекнувајќи го Њујорк, според резултатите на истражувањето кое го објави шангајската компанија Хурун.
Кинеската престолнина го претекна „Големото јаболко“ и стана дом на најголем број милијардери, кои, како наведува агенцијата, во Пекинг сега се 100 за разлика од њујоршките 95.
Резултатите на истражувањето се доказ дека кинеската елита продолжува да „трупа“ богатство и покрај падот на акциите на светските берзи и бавниот раст на економијата.
Пекинг минатата година доби 32 нови милијардери, а Њујорк само четворица.
Москва е на трето место, со 66 милијардери, додека Хонг Конг и Шангај се на четврто и пето место со 64 односно 50 милјардери.