Рускиот милијардер Андреј Мелниченко на сопругата ѝ подари јахта што чини околу 400 милиони долари.
Луксузната јахта „White Pearl“ веќе се наоѓа на тест патување во Германија и е најдолгата суперјахта во светот, пренесува Daily Mail.
Долга е 147 метри, има осум ката, голем базен дизајниран според вкусот на сопругата на милијардерот, како и подводна соба за набљудување на морскиот свет. Јахтата е дизајнирана за престој на 20 луѓе со екипаж од 54 луѓе.
43-годишниот Мелниченко е роден во Белорусија и е оженет за Србинка. Според Forbes на листата најбогати луѓе во светот тој се наоѓа на 97 место, додека во Русија важи за деветтиот најбогат човек во земјата.