Како што пишуваат српските медиуми овие денови, најстариот син на Жељко Ражнатовиќ Аркан, тврди дека неговиот татко е жив, дека го променил својот личен опис и дека живее на Кипар, додека Цеца Ражнатовиќ спрема него се однесува како со парче гардероба. Сепак, таа информација набрзо е демантирана од страна на Војин Ражнатовиќ.
Имено, објавена е фотографија од човек за кого се тврди дека е Аркан по пластичните операции.
Светлана Ражнатовиќ до сега не се огласуваше за дезинформациите за Аркан и за „Животот после животот“ на Кипар, и тоа со добра причина.
Еве што имаше да каже за прашања на новинарите и за текстовите на порталите кои тврдат дека Аркан е жив.
– Тоа би било коментирање на глупости! Многу би сакала тоа да е вистина. Никој немаше да биде посреќен од моите деца, но да не губиме време на празни приказни, изјави Цеца за српски Блиц.
Таа додаде:
Никој немаше да ме допре Жељко да беше жив. Го знаат тие тоа. Ќе бевме големо среќно семејство.