За само една година по породувањето направила потполна трансформација на своето тело

popara30 март, 20161min00
21

Пуларната Швеѓанка Малин Бјорк има половина милион следбеници на Instagram, каде го документира својот фитнес напредок.

Додека била бремена со првото дете, Малин се здебелила 22 килограми. Неколку дена по породувањето, таа ја започнала својата трансформација со пешачење со нејзиното новородено синче, а по 2 месеци, продолжила во фитнес сала. За само шест месеци Бјорк успеала да ги изгуби „трудничките“ килограми и да си ја врати тежината од пред бременоста.

–Толку сум среќна што започнав да вежбам откако се роди Винсент наместо да јадам глупости секој ден. Започнав да се хранам здраво и ги променив моите навики кон подобро. Резултатите дојдоа набрзо и јас бев во најдобра форма кога Винсент имаше 7-9 месеци. Го можеш тоа и ти – пишува таа на Instagram.

Минатата година таа објави видео во кое го прикажува своето патување од крајот на првата бременост до вториот роденден на нејзиното синче.

https://www.youtube.com/watch?v=DrLSqjRn15I

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag