Едно време популарна беше бразилската депилација, потоа во мода се врати природниот изглед, а сега изгледа хит е најпопуларната комбинација од овие две фризури.
Летото се ближи, па вистинско време е уште сега да се опеределите за тоа каква интимна фризура ќе имате под бикинито. Наш предлог е да да ги послушате најсексипилните жени на светот-Французинките.
За долниот дел од вашето бикини да изгледа убаво, неопходно е да направите бикини-депилација. И мажите исто така сакаат кога жените имаат креативна фризура во интимните делови.
Ако се уште не сте се одлучиле на кој начин ќе ја издепилирате интимата, можеби не е лошо да го испорбате најновиот тренд на депилација кој го лансираа француските дами, а тоа е „зачинетата бразилка“.
Во прашање е отстранување на вишокот на влакна од интимните делови која има врска со парискиот метод. Оваа интимна фризура се прави на тој начин што се отстрануваат сите влакна освен оние на средишниот дел со големина на правоаголна трака со големина на карта за париско метро, односно со ширина од 2 или 3 прста.
Најновиот тренд се нарекува full-bush brazillian, или во слободен превод пошумена бразилка.
Звучи чудно и како вистински оксиморон затоа што бразилката подразбира целосно отстранување на влакната, а е искомбинирана со потполно природниот изглед.
За што точно се работи?
Ова е интимна фризура идеална за жените кои не знаат за што да се одлучат или само сакаат да пробаат нешто ново.
При депилирањето се отстрануваат влакненцата околу срамните усни и задниот дел, но горниот дел останува целосно недопрен.
Распоредот е малку чуден, но сепак многу жени низ светот веќе ја испробаа оваа фризура.
Исто така можете да се одлучите и за друг облик – тријаголник свртен наопаку, каде се отстрануваат повеќето влакна од предната страна за разлика од задната.
Оваа „зачинета бразилка“ кај Французинките е многу популарна отколку класичната, метода според која се отстрануваат тотално сите влакна (3 од 10 Французинки одбираат бразилка како депилација).