Запомнете! Од љубовта се живее, а од парите се преживува!

popara29 февруари, 20161min00
18

Една жена од Србија објавила Фејсбук статус за љубовта и очекувањата кој допре до срцата на многу луѓе и ги разбранува социјалните мрежи.

Еве што вели таа:

„Што ако ве лажеле дека од љубовта не се живее? Мене мајка ми еднаш ми рече дека од љубовта се живее, а од парите се преживува. Јас ѝ верувам. Затоа што никаде на друго место не сум видела толку љубов како што сум видела во становите од 30 квадрати и болничките постели.

Ниту една наша млада рака не држи толку цврсто туѓи раце како што ги држи оние двете старечки раце. Што ако ве излажале дека треба да најдете некој кој ви е на вас рамен? Мене не успеаа да ме излажат за такво нешто, бидејќи јас никогаш не сум видела толку силни, пркос и борба, како оние на љубовта која соседите ја осудуваа.
По списанијата и приказните ги дефинираат како пропаднати, а јас со свои очи ја гледав најголемата љубов која постои, најубавите деца, најголемото откажување и жртва. И да, среќни се.

Што ако ве лажеле дека морате да стапите во брак до 25-те? До 35-те? До 40-те? Мене не успеаа, бидејќи никој не ми зборуваше така за љубовта, а мојата ја пронајдов на моите 50 години. И сега трчам во прегратка како 15-годишна девојка. Што ако вас цело време ве лажеле? Што ако се обидуваат да ве уверат дека љубовта е она што тие некогаш го имале, а сега веќе го немаат, бидејќи со текот на времето истата умира?

Не ми верувајте ниту на мене. Само на себе.

Бидејќи љубовта никогаш нема да престане, туку ќе се засили, баш тогаш кога доаѓаат децата, кога се соочувате со болест кога доаѓаат сите оние препреки за кои другите ви велат дека ја убиваат љубовта.

И можеби не се сите создадени за љубов. Можеби не сте создадени за деца и брак, но не дозволувајте другите да ве лажат. Другите ни се мешаат во платите, во образованието, во работата, во здравјето, облекувањето, исхраната, влијаат на половина од нашиот живот, но својата љубов не ја давајте на никого. Бидејќи љубовта е најдоброто нешто што ќе го постигнете во животот.

Што ќе ви е таа плата од илјадници евра, ако на крајот од денот влезете во празен стан со кеси од најновата брендирана облека и сите пари на светот, а немате со кого да ги поделите?

Бидејќи од љубовта се живее, а од парите се преживува и со парите се изживува.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag