Веќе подолго време низ таблоидите се зборува за љубовната врска на Марко Јариќ со дизајнерката Тијана Крстиќ откако биле забележани од папараците на заедничко патување во Мајами.
– Во Мајами отидов да се одморам, да посетам пријателка и да видам дали можам да се проширам на пазарот во тој дел. Јас и Марко се познаваме од Белград преку заеднички пријатели со кои и двајцата активно се дружиме.
– Кога отпатував во Мајами го сретнав Марко со неговите пријатели и така продолживме да се дружиме – се огласила Тијана.
Тијана вешто го избегнувала конечниот одговор на прашањето дали е вистина дека е во врска со Марко, па само таинствено изјавила:
– Дознавме за тоа од медиумите.“
Како дизајнерка со 15-годишно искуство објаснила и дека не би и било проблем да ја облекува бившата сопруга на Марко.
– Секако дека би сакала да ја облекувам Адријана Лима, таа е прекрасна жена и совршен модел, така што мислам дека би било полн погодок ако ги носи моите модели.