Застрашувачка моќ на природата: Ветер „однесе“ Боинг 737!

popara29 март, 20161min00
Застрашувачка моќ на природата: Ветер „однесе“ Боинг 737!

Колку природата може да биде застрашувачка покажува следното видео забележано во Нориљск, град сместен на северот од Сибир. Таму работниците на локалниот аеродром сведочеле на неверојатна глетка: ветерот си „играл“ со Боинг 737, летало тешко 30 тони.

Аеродромот Аликељ во меѓувреме е затворен, а руската новинска агенција РИА наведува дека во тој град се очекува ветер со брзина и до 27 метри по секунда.

Дали во моментот додека ветерот си играл со авионот во него имало патници не се знае, меѓутоа затоа на руските портали потврдено е дека во Нориљск загинала 32-годишна жена.

На неа паднал кров од петкатница, што исто така било последица на невремето.

Во продолжение погледнете ја застрашувачката моќ на невремето во Нориљск: