Тајната на младоликиот изглед не се крие само во скапоцените козметички препарати, туку и во природните состојки од зеленчук. Ви го откриваме рецептот на пијалокот што го чува здравјето, ја подмладува кожата и помага при регулирање на телесната тежина.
За природниот „face lifting“ напиток што на вашата кожа ќе и подари затегнатост и еластичност, потребни ви се краставица, целер и органски зелен чај. Кофеинската киселина и витамин Ц имаат благо дејство кое смирува, додека силицијумовата киселина е многу важна за одржување на здравје на мускулното ткиво. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со вода, природно хидрира и на кожата и дава здрав сјај. Комплексот на Б витамини од целерот го поттикнува претварањето на јаглени хидрати во енергија, го спречува штетното дејство на слободните радикали и кожата ја одржува зрава и сјајна. Високото ниво на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Ц и Е, со кои обилува зелениот чај, го успорува процесот на стареење на кожата.
За „face lifting” напиток потребно е:
2 излупени краставици
4 стебленца целер
2 шолји органски зелен чај
Припрема:
Во блендер ставете ги сите состојки и добро измиксирајте ги, по потреба додадете малку вода ако смесата ви е прегуста. Напитокот консумирајте го во што пократок рок после припремата.