Мина Јоксимовиќ, ќерката на кантавторот Жељко Јоксимовиќ денеска го прославува својот 21. роденден.
Јоксимовиќ ќерката ја изненади со торта во своето музичко студио и призна дека времето му „пролетало“.
-Зарем веќе 21? Како вчера да беше. Среќен роденден! Горд татко – напиша пејачот.
Ниту Мина не го криеше воодушевувањето.
– Она кога татко ти доаѓа со торта. Среќна сум што ги имам најпрекрасните и најдобрите луѓе околу себе!
Мина е ќерка на Желко од првиот брак, а од бракот со водителката Јована има двегодишен син Коста.