Жена од Тексас му дозволила на еден бездомник да преспие кај нив дома, како би се стоплил малку од преладната ноќ. Сите отишле на спиење, а кога жената се разбудила била во огромен шок.
66 годишната жена, чие име не било откриено живее сама со своите две внуки во Хјустој. Со своето хумано срце таа му ја понудила гостинската соба од својата куќа на бездомникот Томас Смит кој немал каде да преспие. Сите отишле на спиење.
Смит откако заспал се пробудил од некој чуден звук. Најрво мислел дека некој провалува во куќата, но набргу откако ја отворил вратата од својата спална соба видел дека низ куќата се шири огромен чад од експлозија што се случила на таванот од куќата.
Бабата сеуште била во својата соба, а на нејзиниот кревет паднал дел од таванот на што Смит веднаш реагирал, ги расчистил рушевините и ја извлекол бабата, но девојчињата сеуште биле внатре.
Смит постапил херојски, не двоумејќи се да влезе внатре поради огромната температура и потенцијалното задушување од дим , ги спасил и двете девојчиња на возраст од 8 и 10 години.
Се случило чудо, сите кои биле во куќата, вклучувајќи го и Смит излегле од куќата неповреденини покрај тоа што куќата била целосно изгорена и уништена. По 40 години се што имала бабата изгорело пред нејзините очи, но таа и внуците биле живи и здрави. И сето тоа благодарение на фактот дека таа сакала да му помогне на некому кој за помошта и вратил на неверојатен начин.
Иако многу луѓе не би ни помислиле да поканат бездомник во својот дом во текот на ноќта, од загриженост за сопствената безбедност, можеби оваа жена послушала некое свое внатрешно сетило. Ако тој не бил таму, огнот ќе се проширел брзо, а можел дури да предизвика повреди и смрт. Оваа изненадувачка ситуација е доказ дека понекогаш благословот доаѓа на многу неочекуван начин.