Се проценува дека богатството на Принс „тежи“ околу 300 милиони долари а целиот негов музички каталог е вреден околу половина милијарда долари, открива неговиот прв менаџер, Овен Хасни.
Сè уште не е познато дали Принс зад себе оставил тестамент, а ако се испостави дека не оставил, се верува дека голем дел од неговиот имот ќе падне во рацете на неговата единствена сестра Тајка Нелсон (55).
Според законите, ако лицето кое не било во брак и е без потомство умре и зад себе не остави тестамент, неговиот имот го наследуваат родителите, бабите и дедовците, потоа браќата и сестрите иако постојат одредени услови под кои сето тоа на суд може да се оспори.
Имајќи предвид дека родителите на Принс не се живи, Тајка преостанува како прва и единствена личност во наследниот ред.
Тајка, инаку, се обидувала да изгради сопствена пејачка кариера, но животот и тргнал на лошо поради тешката зависност од дрога. Целосно пропаднала, се оддала на проституцијата, почнала да го распродава имотот само за да може да се снабди со нешто пари за кокаин, но и за да ги прехрани децата.
– Бев самохрана мајка на два сина. Го продавав своето тело за да можам да ги прехранам и да им купам пелени – изјавила своевремено Тајка во едно интервју.
Таа открила и дека најмногу се срамува од моментот кога го продала автомобилот кој и го подарил брат и, а на сопствените синови им го зела телевизорот и го продала за да купи хероин.
Во меѓувреме, се ослободила од пеколот на дрогата и пак се зближила со братот, со кого во детството понекогаш и настапувала, таа пеела, додека тој свирел на клавир.