Лејси Вајлд е жена со најбујни гради во светот. За тоа се заслужни 12 пластични операции. Мајката на шест деца е упорна во намерата да стане жива барбика. Дали успеала во тоа, навистина е спорно. Но дека личи на пластична кукла, во тоа нема сомнение. Неодамна повторно побарала помош од естетските хирурзи, и тоа за да поправи носот по “фејс лифтингот”.
Лејси, која на своето тело имала околу 40 пластични операции, сè повеќе и повеќе го менува својот изглед. По вештачкото зголемување на задникот, корекцијата на половината и усните, на ред дошол носот и затегнување на лицето.
Лејси својата необична страст кон вештачкиот изглед ја објаснила со зборовите:
“Знам дека сум најекстремен пациент, но сакам да продолжам да ги поместувам границите”.
Во тоа поместување на границите, Лејси нема граници.
На критиките дека однесувањето и одлуките како нејзините воопшто не прилегаат на една жена, а никако на една мајка, таа се брани со тоа дека сè прави заради децата.
Сака да биде најпознат гламур модел, жива пластична кукла и вели дека со промовирањето на својот екстремен изглед ќе обезбеди пари за образование на своите деца.
Лејси со своите потфати го загрозува здравјето. Лекарите ја предупредуваат, како и децата. Сепак, таа не слуша никого, и продолжува по свое.