Жените сакаат кариера и семејство, но не можеш да имаш се

popara3 мај, 20161min00
3

Сопругата на неодамна починатата музичка легенда Дејвид Боуви, Иман Боуви, гостуваше во новата емисија кај Опра во која раскажуваше за тајната на успехот на својата врска со Боуви.

Оваа двојка се венчаше 1992 година, а во тоа време беа многу познати. И покрај големата популарност и интересирањето на медиумите за нивниот живот, Иман вели дека секогаш се труделе својот приватен живот да го задржат за себе.

Гостувајќи кај Опра Винфри, Иман говорела за бракот со славниот музичар.

Далеку од камерите, нивниот живот бил сосема поинаков.

– Кога бевме дома, бевме едноставно само ние, Иман и Дејвид и никој друг – изјави Иман.

Минатиот јуни двојката прослави 23 години брак, а тајна во успешноста и долговечноста манекената го гледа во добар тајмниг и способност да се направи листа на приоритети.

– Мислам дека тајна на долговечниот брак пред се е во тајмингот. Мора да се наоѓате во вистинскиот период од животот во кој сте подготвени на врска со друга личност. Ако во тој период ви е важна кариерата, не се мажете и не раѓајте деца, бидејќи нешто ќе страда поради тоа. Знам дека жените сакаат се, но не може да имаме се во исто време – изјави Иман.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag