Жените близнаци се непредвидливи и својата друштвена и љубезна маска многу брзо може да ја заменат со дистанца и арогантност. Од потенцијалниот партнер бараат ментална компатибилност за да бидат заинтересирани, затоа што оваа дама не дозволува игра со нејзинотот тело за некој што не е способен да ја предизвика интелектуално.
Жените близнаци се мошне модерни. Тие се многу љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни. Нема ниту едно отварање на изложба, театарска премиера и значаен собир што таа би си дозволила да го пропушти.
Постојаната желба за нешто ново кај близнаците доведува до разорувачки ефект на буџетот и често до ексцентричен изглед што истовремено е резултат на егзебиционизмот што е типичен за овој хороскопски знак. Тие константно прилагодуваат се и сешто на сопствените потреби и тоа се обидува да го направи и со партнерот. Промената е важна за нејзиниот живот и за психичкиот развој.
Таа е подготвена да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие она што го сака. Оваа дама лесно се вљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник истовремено.
Мошне се комуникативни, итри и во сосотојба се со сопствениот шарм да го опијат секого што ќе стапи во контакт со нив.