Што мислите со каква дама би сакале мажите да го поминат остатокот од својот живот?
Прочитајте што велат тие:
Жена на која во целост можат да и веруваат…довербата е основа на која се градат сите квалитетни врски.
Жена која ги подржува дури и тогаш кога сакаат да ја напуштат работата за да ги следат своите сонови...на прв поглед може да ви делува лудо, но зарем не сакаме сите да имаме личност која не подржува во најтешките периоди?
Мотивирана и амбициозна жена која не го троши своето време само на шопинг…мажите признаваат дека се плашат од површни жени кои најголемиот дел од своето време го трошат на гледање на модни фотографии на Instagram.
Жена која сака да поминува време со нив (но не 24/7)...мажите сакаат да имаат “слободно“ време и да не се откажат од сите навики само затоа што ја запознале жената на својот живот.
Жена која сака да се менува и прилагодува…мажите сакаат девојка/жена која е подготвена да вложи барем малку труд за да го промени она што им пречи во нивниот заеднички однос.
Жена која ќе ги сака без разлика на се…и која ќе биде верна и само нивна.
Жена која го кажува тоа што го мисли...без метафори, скриени пораки или толкување. Мажите се едноставни суштества и сакаат од својата избраничка да ги чујат нејзините мисли за да знаат дали тоа што го прават е ок или не.
Жена која сака да учи и да се развива со нив…едноставно сакаат личност со која ќе имаат долг и исполнет живот.