Пејачката Лепа Брена со години се бори со тромбоза, опасна болест на крвните садови.
Иако води сметка за здравјето и кондицијата и редовно оди на здравствени прегледи, тромбоза сепак добила два пати.
– Направив анализи и ги испратив во Америка. Со споредбена анализа дојдовме до идентични заклучоци и во Белград и во Мајами, а тие велат дека тромбоза сум добила од страшен напор, рекла Брена.
– Пијам лекови за разблажување на крвта. Секој ден без исклучок. Некој ги пие за срце, а јас за да не ми се згрутчи крвта, открила пејачката, пренесе Курир.рс.
Меѓутоа, пејачката на животот не гледа песимистички и вели дека психијатар не и е потребен.
– Нашиот народ од просторите на бивша Југославија преживеал тешки животни голготи. Ментално сум силна личност и секогаш сум наоѓала решение без психијатар. Меѓутоа, на сите кои носат емотивен товар на душата им советувам да посетат психијатар и од тоа да не се срамат, бидејќи тоа е исто како да одат на стоматолог, гинеколог, рекла Брена.