Знаци дека сте стара душа која и претходно живеела, само во поинаков облик

popara8 мај, 20161min00
28

Реинкарнацијата е спиритуално верување дека душата го напушта физичкото тело и по кратко време влегува во сосема ново, штотуку родено тело.

Можно е да сте живееле и порано, а да не сте свесни за тоа. Сега ве заинтересира како може да откриете?

Овие 4 знаци се цврсти докази дека сте стара душа која и претходно живеела, само во поинаков облик.

1. Добро ги читате луѓето

Самото набљудување на луѓето ви дава јасна слика за нивните карактеристики и начинот за живот кој го водат? Имате чувство како да поседувате вградена програма која ги детектира намерите на другите? Тоа е затоа што и порано сте имале блиски сретнувања и сте комуницирале со илјадници луѓе, па сте имале можност добро да ги проучите сите типови на однесување.

Тоа не значи дека осудувате, туку само дека добро проценувате.

Способноста да ги читате луѓето исто така ви помага да откриете кога некој ве лаже. Вие едноставно ги забележувате лагите во нивните очи, чувствувате промена во енергијата и во начинот на кој ги изговараат зборовите. Веројатно затоа што тоа сте го искусиле и порано, така што не сте друштвено наивни.


2. Уживате во изолацијата

Сакате да поминувате време сами со себе, но не затоа што сте осамени, туку затоа што уживате во своето друштво. Задоволни сте сами со себе и тоа ви е најважно. Попрво би седеле сами под ѕвездите, отколку да се туркате во некој клуб.

Ако се пронајдовте, тоа не значи дека сте недружељубиви, туку дека не ви требаат луѓе кои ќе ви дадат поголема вредност, пофалба или одобрување.

Она што ве издвојува од сите останати е внатрешниот мир.


3. Не се вклопувате

Едноставно не одговарате во повеќето друштва, уште се навикнувате на околината и не знаете како „правилно“ треба да се однесувате во одредена ситуација? Имате чувство дека сте лав кој постојано живее живот како овца?

Вие всушност не сакате да се вклопите. Можеби понекогаш пробувате, но сепак не сакате целосно да ви успее и тоа е во ред.

Не разбирате зошто некои луѓе се среќни само затоа што се вклопуваат во шаблонот, затоа што природно ви е да бидете екстравагантни и неконвенционални. Едноставно, не сакате да бидете „нормални“ и обични.


4. Имате богата душа

Луѓето со задоволство ви се обраќаат за совет, дури и ако сте помлади од нив. Тие ги ценат советите, затоа што поседувате многу мудрост за годините кои ги имате.

Можеби не ви паднало на памет, но веројатно веќе сте живееле неколку пати, па сте имале повеќе од доволно време да ја извежбате трпеливоста и искреноста.

Плус, ако брзо учите нови животни лекции и секогаш внимателно слушате што ви зборуваат секојдневните ситуации, тогаш сигурно сте богата душа која не е стара колку и вашето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag