Бојата на жолчката открива многу за кокошката и нејзината здравствана состојба. За жал, повеќето јајца на нашата трпеза не се баш најздрави.
Повеќето носилки цел живот се затворени во кафези во кои нема сонце. Дури и „домашно произведените“ јајца не се донесени од кокошка која слободно шетала низ дворот.
Сакате да бидете сигурни? Погледнете ја жолчката од јајцето.
Повеќето купени јајца имаат жолчка како средната – кревка и светложолта која открива дека исхраната на кокошката е нездрава.
Иако изгледа необично, густата и портокалова е најздравата варијанта.
„Кокошките кои се слободно одгледувани имаат можност да јадат храна со пигмент, а тој пигмент го пренесуваат на жолчката,“ објаснуваат докторите за хранливоста на јајацето.
Мастите и белковините се исти во речиси сите јајца, но исклучиво темната жолчка е знак дека јајцето е богато со ксантофили и омега3 масни киселини.
Покрај тоа, здравото јајце е богато со бета-каротен, витамини А, Д и Е.