
На банкнотите од еден американски долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои од нив говорат и за тајни здруженија како што се масоните. Но, што всушност значи пирамидата и останатите ознаки.
Пирамидата се наоѓа на левата страна на банкнотата, а на десната е официјалниот печат на САД.
Римскиот број MDCCLXXVI ја означува 1776 година кога Америка прогласила независност од Британија и кога е донесена Декларацијата за независност.
13-те редови на пирамидата ги претставуваат почетните држави, односно 13 колонии кои се одвоиле од Велика Британија.
Окото во пирамидата, односно „окото кое гледа се`“ го симболизира божјото тројство и го користат масоните, а тоа всушност треба да ја штити новата нација.
Латинскиот израз ANNUIT COEPTIS во еден од преводите значи „тој го цени нашето знаење“, а изразот NOVUS ORDO SECLORUM значи „нов светски поредок“. Двата изрази симболизираат почеток на нова нација.
Значи, пирамидата е всушност симбол на јакнење, раст и создавање нова нација под Божјото око.
Пирамидата е ставена на банкнотата од еден долар за време на претседателот Франклин Д. Рузвелт 1935 година.