Алберт Дрос е туристички водич и фотограф кој со години мислел дека оние кои доаѓаат во Холандија, неговата татковина, само раскажуваат приказни за тоа како таа е прекрасна земја, како уживаат во нејзините прекрасни пејсажи, а всушност ја посетуваат Холандија само за да го посетат Амстердам и да уживаат во неговиот „разврат“ кој е толку недостапен во повеќето држави во светот.
Алберт ги откри едноставните нешта во Холандија како полињата прекриени со диви цветови, но и алеите исполнети со илјадници лалиња тогаш кога почна да шета заедно со туристите и да ја гледа својата земја низ нивните очи. Кога го видел она што го фотографираат и разбрал на што се восхитуваат, Дрос одлучил и самиот да се насочува кон популаризација на краевите и кадрите кои ги привлекуваат туристите во Холандија.
Тоа што неговата татковина нема високи планини и што некогаш за него претставувала здодевна рамнина, всушност е добра причина многу посетители да посакаат да видат како изгледа држава во која има многу природа, ветерници и полиња рамни како дланка.