10 работи што научниците ги открија во врска со сексот во 2016

popara5 јануари, 20171min00
sex research

Минатата година ќе биде запамтена поради повеќе причини, меѓу кои е и фактот дека науката откри многу во врска со сексот во 2016. Меѓу другите работи, секс истражувачите не доведоа еден чекор поблизу до машка верзија на контрацептивната пилула, тие ја срушија идеата дека порното ја убива љубовта и дури открија дека имањето мачка може да значи дека сте наклонети према перверзен секс. Прочитајте кои беа овие откритија и другите фасцинантни работи за сексот што не научија научниците во 2016 година.

  1. Американците се привикнуваат на идеата за отворени врски.

Студија објавена во The Journal of Sex and Marital Therapy откри дека повеќе луѓе во САД практикуваат консензуална не-моногамија отколку што се мислело претходно: во национално-репрезентативна анкета на сингл Американци, повеќе од 1 во 5 изјавија дека претходно биле во отворена врска.

  1. Се приближуваме до машка верзија на контрацептивната пилула.

Во октомври, научното списание The Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism ги објави резултатите од студија во која, како клиничко испитување, на мажи им биле дадени хормонални инјекции креирани да го поттиснат нивното производство на сперма. Иако резултатите беа одлични, имало премногу нуспојави од овие инјекции, па така нема да бидат достапни на пазарот наскоро. Сепак, оваа студија ни дава надеж дека сме сé поблиску до контрацептивни пилули за мажи.

  1. Младите луѓе се идентификуваат сé повеќе со ЛГБТ заедницата отколку постарите генерации.

Во јануари, институтот CDC во САД објави извештај во кој откри поголеми генерациски разлики кај сексуалните идентитети на Американците. Конкретно, младите луѓе на возраст од 18-24 години скоро два пати повеќе се идентификувале како хомосексуалци или бисексуалци од генерацијата на возраст од 35-44. Помладите генерации исто така пријавиле дека имале повеќе искуство со секс со истиот пол. Но, дали ова значи дека привлечноста помеѓу исти полови се зголемува или едноставно дека помладите луѓе се покомотни со откривање на нивната сексуална ориентација, не можеме да кажеме со сигурност.

  1. Вакцината против ХПВ се покажа многу ефективна во намалување на ракот.

Во август, научниците известија дека, во десетте години откако вакцината против ХПВ вирусот била прв пат употребена, случаите на рак на матката се намалиле за пола.

  1. Порното не менува како мажите се чувствуваат во врска со нивните љубовни врски.

Класична студија од 1980-те открила дека женетите хетеросексуални мажи пријавиле дека чувствуваат помалку љубов за нивните сопруги откако гледале слики од секси списанија. Оваа година, истражувачи пробаа три пати да го реплицираат овој ефект и тие не открија ништо. Ова укажува дека порното сепак изгледа дека не ја убива љубовта.

  1. БДСМ чинови можат да создадат изменета состојба на свест.

Во мај, студија објавена во списанието Plos One ги разгледала психолошките искуства на луѓе кои учествувале во екстремен мазохистички ритуал во кој нивната кожа била прободувана со куки што имале тегови прикачени на нив. Овие учесници демонстрирале доказ за изменета сосотојба на свест, позната како транзиентна хипофронталност, опишана како „намалување на болка, живеење во сегашноста и тука, намалено активно донесување на одлуки, намалена активна логика и чувства на лебдење и мир“. Ова укажува дека БДСМ чиновите имаат потенцијал да бидат многу спиритуално искуство.

  1. Ниското сексуално либидо може да се третира со електрична стимулација на мозокот.

Во студија објавена во ноември во списанието Plos One, истражувачите откриле дека електрична стимулација на мозокот го менува начинот на кој одговараме на сексуална стимулација. Конкретно, откриле како да ги стимулираат центрите за задоволство во мозокот, што значи дека потенцијално вака би можело да се третира ниското либидо.

  1. Сексуалното возбудување прави состојба на умот погодна за преземање ризици.

Студија објавена во јануари во списанието Archives of Sexual Behavior откри дека сексуалната вобуденост може да не направи посклони да преземаме ризици, вклучувајќи сексуални и не-сексуални ризици.

  1. Жените можат да детектираат кога други жени овулираат, способност што можат да ја користат да ги заштитат нивните врски.

Во студија објавена во април во The Journal of Personality and Social Psychology, истражувачите им покажале на женските учеснички слики од жена која или овулирала или не. Тие што виделе жена која овулира биле најзагрижени да ја држат жената подалеку од нивните партнери, но ова било точно само за жените кои имале атрактивни партнери. Ова укажува на тоа дека жените можеби развиле способност да детектираат кога други жени овулираат како начин да ги заштитат своите партнери од потенцијални закани.

      10. Имањето мачка може да ви го зголеми интересот за перверзен секс.

Студија објавена во јули во научното списание Evolutionary Psychology откри дека наклонетоста на луѓето за перверен секс зависела од тоа дали тие биле заразени со токсопласмоза, паразитична болест што се пренесува од мачки на луѓе. Конкретно, тие што биле заразени откриле дека сакаат врзување, насилство, зоофилија и разни фетиши. Истражувачите се сомневаат дека ова е поради тоа што инфекцијата влијае на делови во мозокот што се поврзани со страв, со оглед на тоа дека кај глувците и стаорци токсопласмозата го преобратила нивниот природен страв од мирис на мачка во привлечност кон него.

Се надеваме дека 2017 ќе биде уште една одлична година за секс истражуањата!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag