2016 беше најтоплата година некогаш забележана

popara25 јануари, 20171min00
5

Ова беше жешка година! Мислиме на 2016. Извештаи објавени од НАСА, НОАА и UK Met Office  минатата недела сите заклучуваат дека 2016 година била најтоплата година некогаш забележана, победувајќи ги жешките температури на претходните две години – кои исто така срушија рекорди.

Експертите ја мерат температурата на нашата планета секој ден уште од доцните 1880-ти години. Подолготрајни модели и проекции укажуваат дека последен пат Земјата била волку топла пред околу 115.000 години.

Минатата година, посведочивме осум-месечен период на рекордно високи глобални температури од јануари до август, а сите ниски температури го пресретнаа или надминаа просекот од 20-от век. Морскиот лед се намали и водните нивоа пораснаа.

Климатските научници како Мајкл Ман од Универзитетот Penn State велат дека нема сомнение за причината. „Ефектот на човечката активност врз нашата клима повеќе не е суптилен,“ тој изјави за The Guardian. „Јасно е како ден, како што е и влијанието – во форма на рекордни поплави, суши, супербури и диви огништа – кое го има врз нас и нашата планета.“

Потписниците на Парискиот договор од 2015 година се согласија во врска со важноста на ограничувањето на понатамошни климатски промени и поставија максимум точка од 1,5 целзиусови степени зголемување на просечните температури. Моментално сме на 1,1 степен.

Времето да се делува е сега, вели Кевин Тренберт од НОАА, кој вели дека би им било паметно на сите оние кои се противат на еколошките заштити поради финансиски причини да се замислат. „Иако има трошоци во справување со климатските промени, веќе има огромни трошоци во штетите,“ изјави тој за The Guardian.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag