3 вежби за стегнати нозе кои се прават 3 минути пред спиење

popara10 јануари, 20171min00
12

Следните неколку вежби најдобро е да ги практикувате навечер пред спиење. Доколку редовно вежбате и ги претворите истите во рутина како миењето заби пред спиење, за кратко време ќе ги забележите и првите резултати.

Мал совет: испечатете ги вежбите на хартија, закачете ги некаде во спалната соба и не дозволувајте ништо да ве спречи во желбата за вежбање.

1. V – растегнување

3-vezbi-za-potenki-stegnati-noze-koi-se-pravat-3-minuti-pred-spienje-1.jpg

Раширете ги нозете колку што можете, исправете го грбот и свртете го целиот горен дел кон ногата која сакате да ја истегнете. Испружете ги рацете и обидете се да се спуштите на таа нога. Останете во ова положба 5-15 секунди.

Вратете се во центарот и свртете го телото на другата страна и истегнете ја другата нога. Секоја нога истегнете ја по 8 пати.

2. Раздвојување на нозете во воздух

3-vezbi-za-potenki-stegnati-noze-koi-se-pravat-3-minuti-pred-spienje-2.jpg

Легнете на подот, со рацете исправени покрај телото и дланките свртени кон подот. Полека подигнете ги двете нозе во воздух, исправајќи ги додека не добиете агол од 90 степени со телото и подот.

Од оваа положба започнете со нежно раздвојување на нозете онолку колку што можете. Останете така 5-15 секунди и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата 8 пати.

3-vezbi-za-potenki-stegnati-noze-koi-se-pravat-3-minuti-pred-spienje-3.jpg

3. Супермен

Легнете на стомак и истегнете ги нозете така што прстите на нозете ќе ги израмните со подот. Истегнете го телото како да сакате да дофатите со рацете нешто што се наоѓа далеку од вас.

3-vezbi-za-potenki-stegnati-noze-koi-se-pravat-3-minuti-pred-spienje-4.jpg

Вдишете и кренете ја од подот левата рака и десната нога во исто време. Издишете долго и полека додека броите до 4. Вратете ги подигната рака и нога на подот и повторете ја вежбата со спротивна рака и нога. Повторете ја целата вежба 5 пати.

3-vezbi-za-potenki-stegnati-noze-koi-se-pravat-3-minuti-pred-spienje-5.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma