Светската манекенка Адриана Лима и бившиот кошаркар Марко Јариќ и покрај тоа што се разведени, имаат одличен однос, за кој сведочат заедничките фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи. Најнови во низата се фотките од семејниот одмор во Будва, каде што бразилската убавица отпатува со нивните ќерки Валентина и Сиена, а каде што ја пречека Марко заедно со неговата мајка.
Екс свекрвата и снаата заедно ги посетуваат знаменитостите во градот, притоа држејќи се за раце – слика што ретко се гледа, ќе признаете.