Алтернативни средства против болки во стомакот

popara3 октомври, 20171min00
7
Главните процеси на варење и апсорпција на храната почнуваат во стомакот. Затоа и тој спаѓа во условно наречените витални органи. Ензимите и киселините произведени во стомакот ја разградуваат храната. Поголемиот дел од храната се ресорбира, минувајќи преку тенкото црево, а вишокот се исфрла од телото.
Желудочната болка секогаш потекнува од стомакот, и таа може да е резултат на пречки по целата должина на гастроинтестиналниот тракт, како и од неколку други органи и системи. Болката може да биде и придружена и со гадење и губење на апетитот. Постојат и најразлични хранливи материи, кои можат да ја раздразнат желудочната слузница и да станат причина за болка.
Како да ги ублажиме болките
Трајното отстранување на проблемот поминува низ консултации со матичниот лекар или специјалист. Но за привремено подобрување на состојбата може да бидат од корист различни природни средства кои се користат со векови – билни чаеви, алое вера, билни раствори, јаболката, и многу други.
На пример чајот од нане е прекрасен пример за ефикасно лекување на желудечните мачнини и чувство на болка. Чајот од камилица пак може да го ублажи отокот на желудочната слузница. Сличен ефект имаат и корените од валеријан. Растението Алое Вера се користи илјадници години за олеснување на желудочната болка, обично во вид на сок.
Пектинот, кој го има во јаболкото, го докажал своето дејство при болки во стомакот. Затоа не лупете го јаболкото бидејќи токму таму се содржат корисните супстанции, вклучувајќи го и пектинот. Во комбинација со ѓумбир, јаболкото е идеална храна за лечење на болен стомак. Покрај тоа ѓумбирот може да се зема и во форма на чај, како додаток во исхраната или во вид на етерични масла, нанесени локално во областа на стомакот.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag