Само еден ден откако Серена Вилијамс стана мајка, се породи и Јелена Ѓоковиќ. Но, српската тенисерка Ана Ивановиќ приновата преку „Твитер“ ѝ ја честита само на својата колешка, а не и на Новак, нејзиниот сонародник. Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, особено што сите веруваа дека Ана и Новак се во одлични односи.
Од друга страна, можеби, сепак, честитката била приватна. Ама ако не е преку социјалните медиуми, исто како и да не се важи, нели?