Ана Николиќ е во осмиот месец од бременоста, но тоа не ја спречува и понатака да конзумира цигари. Но како пишува Курир, докторите ја советувале да се реши од овој порок.
На последната контрола на пејачката и било сугерирано да го смени начинот на живот како би ги избегнала компликациите во текот на породувањето.
На Ана во последно време и варира притисокот, па мора да се грижи за себе до породувањето. Често и отекуваат рацете и нозете и јаде многу слатки, тоа не е добро за нејзината состојба. Докторот и препорачува калорични јадења како риба, бело месо, салата, цедени сокови и секако да ги остави цигарите.