Ана Николиќ реши да се развде од Раста?

popara8 ноември, 20171min00
4

После зачестените кавги и несогласувања Ана Николиќ реши да стави крај на бракот со познатиот рапер, а тој пак го напушти заедничкиот стан.

Проблемите започнале со раѓањето на нивната ќеркичка Тара, од кога пејачката решила да се посвети повеќе на неа и семејниот живот, додека Раста продолжил со своите излегувања кои траеле и по неколку дена и негувањето на неговиот имиџ како лош дечко.

И покрај обидите на Ана да му го привлече вниманието кон нив две, тој не ја сфаќал сериозно, а кавгите се зачестувале. Сепак, последната кавга била пресудна кога Ана пробала да му објасни дека не може повеќе да живее на тој начин, по што тој го напуштил заедничкиот дом, а таа како одговор на тоа решила да покрене бракоразводна парница.