Еве еден народен рецепт за намалување на маснотии во телото, велет дека е добар и за чистење на организмот по обилен оброк…
Потребни состојки:
*400гр целер (корен)
*1кг лимони
*2 литри вода
Подготовка:
Измијте ги лимоните и исечете ги на тенки кругови. Ставете вода во големо тенџере и во него додадете ги лимоните.
Целерот изрендајте го и додадете го во водата со лимони. Варете 20 минути на силен оган и оставете да се излади ( во текот на ноќта или 6 часа).
Исцедете низ ситна цедилка
Добиената течност ставате ја во шише и пијте по 1 децилитар пред јадење (3 пати на ден). Чувајте го на ладно.