Апсењето на Ел Чапо: Борба помеѓу полицијата и криминалците

popara6 октомври, 20171min00
Апсењето на Ел Чапо: Борба помеѓу полицијата и криминалците

Апсењето на Ел Чапо било вистинска борба помеѓу полицијата и криминалците, а дека било така покажуваат и фотографиите од подземните простории во кои познатиот дилер престојувал неколку часа пред апсењето.

Притоа маринците убиле шест членови на озлогласениот картел Синалоа, а шестмина биле уапсени.

Тоа што сега го очекува е постапка за екстрадиција во САД, која би можела да трае и повеќе од една година.

Ел Чапо по втор пат од затвор побегнал на 12. јули. По бегството властите откриле тунел од 1,5 километри, кој наркобосот го ископал за побегне од строго чуваниот затвор.

Бегството било срамно за мексиканските власти, бидејќи веќе биле запознаени со фактот дека организацијата на Ел Чапо е најзаслужна за копање на шверцерски тунели мексиканско-американската граница. По тоа филмско бегство, 23 службеници од затворот биле уапсени под сомнение дека му пружиле помош на Ел Чапо.

Од истиот затвор Ел Чапо побегнал и во 2001. година, и тоа криејќи се во корпа за долна облека. Во затвор бил вратен во февруари 2014. година.