Покрај широката примена во медицински цели, малкумина знаат дека аспиринот може да ви помогне да постигнете убава, блескава и здрава кожа, без брчки, акни и други несовршености.
Се што треба да направите е да го користите на еден од следните три начини и ќе се уверите самите и тоа после само три примени!
Маска со аспирин и лимон
Состојки: 3 аспирини, 3 лажици сок од лимон.
Подготовка: Растопете го аспиринот во лимоновиот сок и измешајте така да добиете паста. Измијте го лицето со чиста вода а потоа нанесете ја пастата и оставете да стои така 10 минути. После тоа отстранете ја маската со млака вода.
Маска со аспирин, јогурт и мед
Состојки: 5 аспирини, лажица јогурт, половина лажица мед.
Подготовка: Иситнете ги таблетите аспирин и промешајте ги со медот и јогуртот, така што ќе добиете хомогена смеса. За оваа маска да делува, потребно е прво да ставите чиста памучна ткаенина натопена со топла вода на лицето, за порите да се отворат. Потоа почекајте лицето да ви се исуши, па нанесете ја маската и оставете да делува 30 минути. Измијте го лицето со топла вода.
Пилинг со аспирин
Состојки: 3 аспирини, 3 лажици млака вода.
Подготовка: Растворете го аспиринот во топла вода и ќе добиете паста. Нанесете ја на чисто лице, оставете да делува 10 минути, па отстранете го со чиста, студена вода.