Бањите во овој брод се нетипични за обичните крузери, чии конструктори гледаат да го заштедат секој сантиметар кој им е на располагање. Но, не и на “Regent Seven Seas”. Тука на простор не се штедело.
Потоа, тука се и спалните соби, нормално, со поглед на море и со балкон. Постелнината во која ќе спијат патниците ја направила компанијата која веќе со децении ги прави постелнините за римокатоличкиот поглавар.
Според зборовите на претседателот на крузерот, Џејсон Мантагуе, “ентериерот ќе го одзема здивот”.
– Тоа ќе биде најлуксузниот брод кој некогаш испловил – ветил Мантагуе.
Покрај големиот број на ресторани и барови, на крузерот има и базени, теретани, спа центри и уште многу работи кои престојот ќе го направат незаборавен.
Неговата тежина се проценува околу 56.000 тони чисто.