Актерот и режисер Бен Афлек веќе долго време се бори со алкохолизмот, што, меѓу другото, го чинеше и развод на бракот со долгогодишната сопруга Џенифер Гарнер, пишува „Дејли Мејл“.
Оваа холивудска двојка се разделија во летото 2015 година, а неодамна и официјално се разведоа.
Животот на Бен, уште од раното детство е проткаен со разни проблеми. И неговиот татко бил алкохоличар, а неговите родители се развеле кога тој имал 12 години.
– Мојот татко беше и така го викаа, вистински алкохоличар. Тој пиеше по цел ден, секој ден. За среќа, тој проблем го реши и сега, веќе неколку десетлетија, е трезен, изјави Бен пред девет години за „Дејли Мејл“.
Актерот раскажа и дека главна поддршка за време на разводот на родителите бил неговиот долгогодишен пријател, Мет Дејмон.
Тие двајца истовремено станаа познати во Холивуд, благодарени е на големот успех на филмот „Добриот Вил Хантинг“, а после тоа почнаа проблемите на Бен со алкохолот. Тоа било во 1997 година, и од тогаш актерот почнал да пие секој ден, без да прекине.
Дури во 2011 година, Бен првпат се пријавил во клиниката за одвикнување од алкохолот. Тој обид завршил неславно. Бен потоа уште неколку пати неуспешно одел на рехабилитација, а неговите проблеми не престанале ни додека бил во брак со Џенифер, што со текот на времето доведе и до развод.
Убавата актерка, која со него има три деца, изјави дека не сакала да поднесе документи за развод се додека Бен не заврши со рехабилитацијата, за да не му наметне дополниелен стрес. Лекувањето од алкохол беше последен обид на Бен за зачувување на бракот, според списанието Пипл. Но тоа, сеапк, не успеало, иако призна дека е горда на него. Џенифер за американскиот неделник рече дека сепак за се било малку предоцна.