Сара Џесика Паркер е модна икона на нашето време. Таа никогаш не прави грешка, а нејзиниот стил направи вистински преседан во светот на модата. Жните ширум светот се обидуваат да ја гископираат нејзината шик елеганција а она по што е препозанатлива се неспоивите комбинации. Последното издание во кое е забележана на улиците во Њујорк, на многумина ќе им служи како инспирација.
Имено, познатата Кери Бредшо облекла едноставни светли фармерки и смарагд зелени чизми како и бунда од вештачко крзно која е апсолутен хит оваа зима.
https://www.instagram.com/p/Bc3mlsTFSfo/
Сара уште еднаш покажа колку едноставните парчиња гардероба, искомбинирани на вистински начин, изгледаат урбано и оригинално.