Потребни состојки:
- 4 шницли од бифтек по 200гр
- лажица масло
- 30гр путер
- сол
- бибер
За сос:
- 4 мали домати (може и домат од конзерва)
- 30гр путер
- сол
- лук и кромид (во прав)
- риган
- шеќер
- 100гр павлака
Начин на подготовка:
Шницлите премачкајте ги со масло, па пржете ги на тава од двете страни по три-четири минути. Потоа додадете путер, додадете сол и бибер и оставете уште малку на загреаната тава. Кога ќе го извадите бифтекот, во сосот од пржење на месото, додадете путер за сос и домати веќе исецкани и исцедени. Зачинете со сол, лук и кромид во прав, риган и со малку шеќер. Додадете ја и павлаката, па поклопено динстајте четири минути. По потреба додадете уште зачини. Бифтекот сервирајте го со сос и украсете по желба.