Во моментот најпознатата пејачка на светот Бијонсе Ноулс долго криела една тајна од својот приватен живот, а врзана е за нејзиното семејство.
Имено, станува збор за полусестрата на пејачката која нејзиниот татко ја добил по аферата со дваесет и едногодишната проститутка и стриптизерка Такоје Бренскоб.
Полусестрата на пејачката сега има седум години, а нејзината мајка во емисијата “RADAR ONLINE” потврдила дека ДНК тестот е направен и дека Метју Ноулс е татко на малата Кои.
– Кога имав 21 година бев танчерка и почнав да ги спојувам жените со успешни и богати бизнис луѓе и на крајот се се заврши така што два пати бев приведувана заради занимавање со проституција – изјавила таа.
Еве како изгледа полусестрата на поп пејачката:
Инаку, мајката на Бијонсе, се развела од нејзиниот татко во 2009. година, откако дознала дека тој има ќерка со непозната жена, а Бијонсе тогаш го прекинала секој контакт со него.
Таткото на Бијонсе никогаш не ја запознал малата Кои.