Во 2005-та година, Анџелина Џоли ја посвои малата Захара, којашто живееше во многу тешки услови во Етиопија и ја однесе во Америка со цел да ѝ овозможи подобар и поубав живот. Захара денеска има 12 години и има живот каков што посакуваат сите. Но, нејзината биолошка мајка изрази желба да ја види и барем на кратко да поразговара со неа.
Откако Захара бил однесена во Америка, нејзината биолошка мајка, Ментеваб Давит Лебисо, воопшто ја нема видено, нути разговарано со неа и иако се поминати 12 години, таа чувствува голема потреба да биде во контакт со својата ќерка. „Единствено што сакам е мојата ќерка да знае дека постојам и дека сакам да разговарам со неа. Не сакам да ја земам назад, но би сакала само да имаме некаков контакт. Таа сега има свое семејство и Анџелина е прекрасна мајка, за разлика од мене. Таа беше со неа уште од денот кога се роди, но тоа не значи дека не ми недостасува. Таа ми недостасува многу и секој ден мислам на неа и многу сакам да ја видам и слушнам. Многу би сакала нејзините родендени да можеме да ги прославиме заедно“, изјави Ментеваб.
31-годишната Ментеваб вели дека е среќна што нејзината ќерка израснала во прекрасна девојка и тоа ја прави многу горда. Таа смета дека тоа никогаш не би можела да ѝ го овозможи поради сиромашниот живот којшто го живее во Етиопија. Нејзината желба е само Захара да знае дека има семејство и во Етиопија и да одржува некаков контакт со нив. Исто така, Ментеваб изјави дека за овие години Анџелина Џоли и Бред Пит не ѝ понудиле никаква помош.