Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, кој за пошироката јавност стана познат по бурната врска со поп-пејачката Северина, со која го доби синот Александар (5), и неговата партнерка Бојана (23), која е 28 години помлада од него, вчера станаа родители на момче, а детето ќе носи име како неговиот татко Милан. Инаку, Милан изјавил дека смета дека Бојана ќе биде одлична мајка.
„Нејзиното име е Бојана, се запознавме во Белград пред повеќе од две години. Студира маркетинг, од добро семејство е, многу е згодна, образована, млада, има 23 години, снаодлива и секогаш подготвена за шега. Со неа нема караници и несогласувања, дури ниту сега кога е бремена. Мила е, драга и мислам дека ќе биде супермајка, а тоа ми е важно“, во една пригода изјавил Поповиќ.